Рецепт за успешен брак – Gaspar Centar

Сите сме се запрашале зошто некои парови се одделуваат, кога други остануваат заедно со години. Што е тоа што ги претвора највљубените во непријатели? Но, и што им овозможува на преостанатите да ја одржат првобитната искра?

Психолозите Ели Финкел и Џесика Орвиг го нарекуваат денешниот модел на брак ‘само-загушувачки’, наспроти ‘придружничкиот’ модел на брак во 20тиот век. Додека во минатото луѓето го сметале бракот за јасно изразена стапка (цел) во животот, а во нивните партнери гледале животни сопатници, денеска се’ поголем број од луѓето го категоризираат бракот како опција, а во партнерите бараат механизам за само-докажување и исполнување на нивните најразлични емотивни и психолошки потреби. Имено, иако ова самото по себе не претставува проблем, преголемото потпирање на патнерот за само-актуализација ги поттикнува луѓето да ги занемарат пријателите, кариерата или хобијата како потенцијални скалила до нивната цел. Незадоволството од општиот живот често се пренасочува кон партнерот, непобитно предизвикувајќи чувства на (обострана) омраза, повредувајќи ги сите во врската.

Некои ја обвинуваат и брзината на модерното темпо на живеење. Психологот Џефри Дев открива во својот труд дека парови во таканаречениот ‘придружнички’ период заедно поминувале просечно 35 часа неделно, од кои 13 биле поминати на само. А пак, во денешниот модел на ‘само-експресивен’ брак, паровите заедно поминуваат 26 часа неделно, а само 9 часа сами.
Ако се погледне процентот на разводи во двата периоди, предоминира модерното време (Пауел, 2011). А, и задоволството од просечниот брак во минатото, истражувано од страна на психолозите Кристина Пролокс, Хедер Хелмс и Черил Булер, било поголемо од денешното. И, навистина, паровите кои неделно поминуваат време заедно исполнувајќи некоја активност имаат 3.5 пати поголема шанса да се среќни во нивниот брак, но и оние кои делат пријатели (Финкел, 2014).

Но, за исклучителните парови кои во денешниот свет се чувствуваат задоволни со нивниот брак се мисли дека спаѓаат во најсреќните моногамни луѓе изминативе неколку века (Пролокс, Хелмс, Булер, 2007). Тие се субјектот на се’страна завист, оние кои не само што црпат среќа од партнерот, туку наоѓаат и време да им се посветат на нивните кариери, хобија и пријатели.

Значи, што е рецептот за успешен брак? Покрај толеранција, трпение, многу, многу љубов и пронаоѓање на заедничко време во бурниот свет, потребна е самосвест за субјективните потреби и цели во животот, но и активно трагање по начини како да се достигнат надвор од бракот.

Доколку согледувате проблеми или недостатоци во вашиот брак, Ве охрабруваме да посетите лична или брачна терапија со овластен психолог/психотерапевт, кој би можел да помогне во поставувањето на балансот меѓу заеднички и индивидуалистички живот.

Leave a Reply