Создадете позитивен став кон училиштето – Gaspar Centar

Оваа статија е првиот дел од септемврискиот серијал на Гаспар Центарот за Психофизичко здравје насловени „Подгответе се за училиште!”, во кои споделуваме совети од експерти на теми: детска самодоверба, академска подготвеност, социјализација и проблеми со одвојување од родител.

_____________________________________________________________________________________________________________________________

Квалитетната едукација, била ли навистина мерило на интелигенција или пак мерило на одговорност и снаодливост, е во секој случај позитивно корелирана со понатамошниот успех во животот. Но, за жал, распространетата култура на ширење омраза или најмалку незадоволство кај децата према училиштето го претвора изумирачкиот вид на деца со жед за знаење во вистинска реткост, а истовремено и богатство. Сепак, оние ретките кои поради различни причини не се совпаѓаат со типизацијата на ученикот кој мрази училиште не само што континуирано постигнуваат подобри резултати, туку имаат и нешто заедничко што ги раздвојува од остатокот на ројот.

 

Некои психолози сметаат дека тоа може да се препише на детската првобитна средба со едукацијата, односно изложеноста на одредени поучни ситуации каде тие учат од рана возраст какви бенефити доаѓаат од самото едуцирање и како да се справат во таа средина што, транзитивно, им овозможува на крајот да го засакаат. Експертот за детска едукација Лиса Линел-Олсен за ова ги приложува следниве совети:

Споделувајте позитивни лични искуства поврзани со училиштето.

Поставете се како пример за вашето дете – доколку тоа е опкружено со луѓе кои својот успех си го должат на знаење и труд, веројатно е дека ќе се оформи во личност која го практикува токму тоа. Додека му воочувате на детето дека успехот, како и оценките, се резултат на труд и знаење, обидете се да ја пренесете пораката преку вистински приказни од вашето училишно бреме. Со тоа што отворено комуницирате со детето за взаемните училишни искуства, како едукацијата ви помогнала во одредена инстанца, но и што ви се допаднало, а што не, и како би постапиле поинаку да сте повторно на истото место, му овозможувате самостојно да ја сфати вредноста на знаењето и какви можности таа отвора понатаму во животот.

Имајте високи очекувања.

Мета-анализа од Харвардскиот фамилијарен истражувачки проект од 77 учесници потврдува дека најголемиот показател за академски успех кај децата се високите очекувања од страна на родителите (William, 2005). За успехот на вашето дете осигурувајте го дека е способно да го совлада предадениот материјал, но бидете спремни да му понудите помош кога се соочува со потешкотии.

Негувајте начин на размислување што поттикнува раст, односно потенцирајте дека луѓето се развиваат поради труд, со што детето има поголеми шанси да продолжи да се обидува по наидување на одреден предизвик. Поради психолошкиот феномен наречен “научена беспомошност” често пати откако се соочуваат со препрека чие надминување бара креативно решение и труд, како континуирана лоша оцена во предмет или злобен наставник, децата од страв учат да се беспомошни и се откажуваат наместо да се соочат. Внимавајте, понекогаш родителите се оние кои го потиснуваат растот, со тоа што се обидуваат да го утешат детето честопати велејќи „не е страшно, не може сите да се добри во (предмет)”. Напротив, ова му укажува на детето дека нема начин ситуацијата да се подобри; алтернативно, обидете се да комуницирате со него за да најдете решение.

Видливо, за успехот на вашето дете зборувајте со него за училиштето и советувајте го да не се откажува – кога “најлошото” ќе помине, верувајте, ќе ви биде благодарно.

Leave a Reply