Хијалуронски филери со ХИЈАЛУРОН ПЕН – Gaspar Centar

Хијалуронската киселина е сосема безбедна и природна супстанција која човековото тело ја произведува и истата се наоѓа во кожата, зглобовите, очното јаболко,  и истата е една од најпознатите супстанци која пронаоѓа широка примена во медицината и естетската козметикологија.

Со текот на годините, односно процесот на стареење, телото произведува помалку  хијалуронската киселина, што доведува до намалена хидратација на кожата, а со самото тоа и до намалување на свежината и волуменот на кожата, и појава на брчки. Па затоа, човек низ годините се труди да изнајде начини со кои би ја одржувал младоста на лицето и телото, а притоа тоа да биде безболен и безбеден начин, со кој би го добил посакуваниот ефект.

Хијалурон пен

Хијалурон пен е револуционерна техника со која безболно, неинвазивно и безбедно се аплицира хијалуронска киселина без игла. На овој начин се овозможува без користење на игли, под притисок од 6,5 бари да се внесе и рамномерно да се распореди хијалуронската киселина во човековата кожа меѓу епидермисот и дермисот.

Внесувањето на хијалуронските филери со Хијалурон пен дава голема предност во однос на внесувањето со игла, затоа што самата постапка е безболна, безбедна, не предизвикува грануломи, правилно ја распределува супстанцијата во ткивото, дава поголем волумен, природен и свеж изглед.

За што се се употребува ХИЈАЛУРОН ПЕН?

– Зголемување, истакнување на усни и јаболчници со хијалуронска киселина/филер
– Подмладување на лицето со измазнување на брчките на лицето, вратот и деколтето
– Биоревитализација
– Липолиза
– Мезотерапија

Контраиндикации за Hyaluron pen:

– активни инфективни или инфламаторни процеси на кожата
– алергија/хиперсензитивност на филери
– алергија на lidocaine
– бремени жени и доилки
– диабетес
– хемофилија, нарушувања на коагулацијата на крвта
– лица со историја на авто-имуни заболувања и корисници на имуно терапија
– лица под 18 години

Колку време траат резултатите од Hyaluron pen?

Во зависност од производителот на филерот, подрачјето кое се третира, видот на кожата и придржувањето до препораките по аплицирање, резултатите може да траат од неколку месеци, па се до година. Ние, во нашиот центар користиме филери со трајност од 8 до 12 месеци.

Негата за вашиот изглед препуштете ја во професионални раце, каде се употребуваат најдобрите методи и производи на пазарот.


Пишува: spec.slp.Бојан Богдановски
– специјалист по клиничка логопедија
– Hyaluron pen техничар

Leave a Reply