Skip to main content

Фобија (грчки: “φόβος”, значејќи “страв”) означува непријатно чувство поттекнувајќи од и насочено кон непријатен стимулус или ситуација.

 

Било тоа дали настанале поради еволуционени причини, или пак поттекнуваат од трауми во детството и адолесценцијата, фобиите постојат и ја имаат способноста комплетно да го опседнат човекот кај кого се присутни. Д-р Карл Албрехт, специјализирајќи во социјална психологија и бизнис стратегии, вели дека сите човекови стравови можат да се подредат во петтостапна пирамидична хиерархија: страв од смртта, страв од повреда/осакатување, страв од загуба на автономијата, страв од социјална неприфатеност и страв од его-смрт, односно од понижување на споствената индивидуа. Со тоа кажано, да погледнеме кои се најчестите фобии ширум светот и нивните (не)логични образложенија.

 

Глософобија

Глософобија, или страв од јавно говорење, е еден од најчестите човекови стравови. Иако вистинската причина зад оваа фобија е непозната, она што е сигурно е дека може да предизвика нервоза од мала трема па се до згрчување и напади на паника (О’Callaghan, 2017).

 

Агорафобија

Овој страв може да е катастрофален за човекот кој го опседнува. Агорафобија, или страв од безизлезни простори и/или ситуации, предизвикува страшни напади на паника, до степен каде што некои луѓе не излегуваат од нивните домови за да ги избегнат тие ситуации/простори (O’Callaghan, 2017). Луѓето кои имаат некаков тип на панично нарушување се посклони да развијат агорафобија, типично меѓу касна адолесценција и рана зрелост, со тоа што една третина од луѓето со панично нарушување имаат агорафобија (Cherry, 2018). Често пати луѓето со овој страв се плашат од исмејување и понижување, а боледуваат и од глософобија и слични фобии.  

 

Арханофобија, оксидиофобија и мусофобија

Арханофобија, или страв од пајаци, е еден од најчестите човекови стравови, присутен во една од 3 жени и еден од 4 мажи (Cherry, 2018). Најчестото објаснување за овој страв е дека поттекнува од нашите предци, кои не можеле да ги разликуваат безопасните од опасните видови на пајаци, а слични објаснувања се препишуваат и за охидиофобијата, страв од змии, и мусофобијата, страв од глувци (Cherry, 2018; О’Callaghan, 2017).

 

Аерофобија/авиофобија

Стравот од летање со авиони предивзикува анксиозност кај повеќето патници во форма на забрзано чукање на срцето, потење, отежнато дишење, ослободување на стрес-хормони, и намалување на когнитивните способности за логично размислување. Овој страв понекогаш е присутен дури и кај некои пилоти (Lindseth, 1994). Една теорија вели дека стравот не произлегува директно од летање или пад, туку од можноста да се доживее напад на паника пред останатите патници во ситуација од која што нема излез (Bunn, 2015). Иронично, симптомите на стравот ја достигнуваат нивната кулминација на најбезбедниот, но и најтурбулентниот дел од летањето. Како што се зголемува количеството на стрес-хормони во телото, така се намалува разумот. (Bunn. 2015) Затоа, мала флуктуација на авионот потцетува на можноста тој да падне, засилувајќи го стравот.  

 

Акрофобија

Акрофобија, или страв од висини, е најзастапениот страв во светот. Истражувања покажуваат дека стравот произлегува од грешна перцепција на вертикални растојанија – се доживуваат поголеми отколку што се (Callaway, 2009). Човечкото тело има 5 главни системи за одржување на баланс: мускули во внатрешноста на увото и сетилата за мирис, слух, допир и вид (Bunn, 2016). Доколку еден систем не ја извршува својата функција, балансот постепено се губи (Bunn, 2016). Ефектот е особено зголемен кога се наоѓаме на големи висини, бидејќи на нашите очи им е потребна фокусна точка на растојание од отприлика 9 метри, но, гледајќи надолу од поголема висина, таа не може да се пронајде (Bunn, 2016). 

 

Клаустрофобија

Како што луѓето со акрофобија ги преувеличуваат вертикалните растојанија, така луѓето со клаустрофобија, или страв од мали, затворени простори, ги перципираат хоризонталните растојанија помали отколку што се (О’Callaghan, 2017). Исто така се мисли дека луѓето кои имаат поголема потреба од личен простор, односно, буквално повеќе ги туркаат другите луѓе понастрана од своето тело, се изложени на поголем ризик да развијат клаустрофобични симптоми (Lourenco, 2011).

 

Трипанофобија

За трипанофобијата, или страв од инекции и забодувања, се мисли дека има генетски или еволуционени причини, со тоа што нашите предци се плашеле и загинувале од прободи, а и типичните локации во кои се здобиваме со инекции – болници – можат понекогаш да предизвикаат чувства на нелагодност и да допринесат до анксиозноста (O’Callaghan, 2017).

 

Крајофобија

Додека некои луѓе обожаваат кучиња, тие со крајофобија, или страв од кучиња, не можат да поднесат да се во нивна близина. Најчесто примарната причина за овој страв е трауматично искуство во раното детство, како на пример касање од куче, што може да носи последици до крајот на животот (Cherry, 2018). Иако крајофобијата може на некои да им делува смешно, таа многу го отежнува животот на тие што ја имаат. Некои луѓе и избегнуваат одредени патеки бидејќи од претходни искуства знаат дека има куче во близината.

 

Фобиите можат да претстават огромни проблеми на луѓето кои ги имаат. Затоа, доколку познавате некој со фобија или пак самите вие изразувате симптоми, препорачано е да се оттргнат со когнитивна-бихејвиорална терапија, психотерапија, или медитација. Запомнете, како што Франклин Розевелт има кажано, „единственото нешто од што треба да се плашиме е самиот страв”.

Leave a Reply