Skip to main content

Психолошкото здравје е еден од најважните делчиња од слагалицата на целокупното здравје на човекот. Заради тоа секогаш се поставуваат прашањата: Како да го зачуваме нашето психолошко здравје? Како да ја негуваме нашата психа? Како да издржиме низ тешките времиња и моменти од нашите животи? Како да бидеме подобри и посмирени личности? Како да го почуствуваме тој психолошки мир по кој толку многу тежнееме?

На сите овие прашања има одговори и решенија поради што нема потреба да се растргнуваме и јадосуваме. Психологот советник е тој на кого може да се обратиме и кој може да застане на патот на психолошките недоумици, потешкотии и со заедничка соработка и доверба да се започне процесот на лечење.

Психолошкиот советник може да ни помогне во голем обем да се чувствуваме подобро со себе и со другите околу нас. Грижата за психолошката добросостојба треба да ни биде исто толку важна колку и нашиот изглед и физичкото здравје. Психологот советник е професионалец кој користи знаење и методи преку доверлив разговор да помогне за полесно справување со потешкотиите на психолошки план, но и да пружи поткрепа и да ги зајакне потенцијалите на личноста за полесно надминување на животните предизвици и потешкотии.  Се работи на личноста и градење на позитивна слика за себе, целосно себеприфаќање и освестување на сопствените емоции, разбирање на однесувањето и комуникацијата со семејството или опкружувањето.

Во текот на животот претстојат развојни кризи, потешкотии, засновање на семејство, нов член во семејството, родителски улоги, предизвик со започнувањето на децата во школо, адолесцентни задачи кои се поставени пред адолесцентот и опкружувањето, идентитет и сепарација од родителите, градење на врски и психосексуален развој. Често психологот може да помогне кај ученици и студенти кои се чувствуваат под притисок да ги исполнат очекувањата на родителите или своите амбиции, а и кога често се соочуваат со пречки и фрустрации. Секојдневните стресни ситуации може да ги стават на испит брачните односи. Секојдневно се соочуваме со разводи, но и со  загуби во семејството. Исто така голема поткрепа и советување од психологот може да добијат жените кои се наоѓаат во еден од најстресните периоди од нивниот живот – менопаузата. Менопаузата кај поголемиот дел од жените е пропратена со повеќе тешко совладливи симптоми кои поради хормонален дисбаланс може да доведат до анксиозни нарушувања, инсомниа, па дури и да доведе до посреизони ментални нарушувања како депресија ако не се реагира и побара помош на време.Психологот во тој случај ќе ве советува: грижете се за себе и своето здравје, тоа би помогнало и во поголем успех во работата, посреќно секојдневие општо, благосостојба во животот и намалување на стресот.

Стресот кој го предизвикува ПАНДЕМИЈАТА

Исто така тука е и пандемијата која предизвикува тешка ситуација заради колективната закана по здравјето на луѓето. Ова секојдневие кое не притиска од сите страни, предизвика стрес, паника, кај некого загуби, кај некого анксиознот и страв, а кај многу луѓе и нешто што е многу важно, а тоа е неизвесност за иднината. Психологот ќе ве советува: Работете на самодовербата и позитивната слика за себе, градете надеж и оптимизам, помогнете си за полесно излегување од криза. Најдете време во денот или неделата за вежбање, поставете си нови здрави навики. Оттргнете се од премногу мислење и тргнете на прошетка. Или побарајте го вашиот психолог советник со кој ќе си направите еден разговор во кој ќе дојдете до одгвори, утеха, разбирање и евентуално наоѓање на начини и решенија за извлекување од психолошката криза.

Ова се само дел од темите кои ги одбравме, а на кои може да работите со психологот. Секојдневно се грижите за вашата убавина и чистота, но неопходно е паралено да се грижите и за вашата внатрешна убавина. Мислењето на околината е дека посетуваат психолог само тие што имаат проблем, но не секогаш мора да биде така. Секој од нас има потреба од професионална поддршка некогаш, за развој на личноста и подобра самодоверба која и те како ни е потребна во животот за да успееме да ги совладаме нашите животни цели.

За родителите кои веќе доаѓаат во центарот.

Во центарот каде што доаѓаат вашите деца, може да добиете и бесплатна прва консултација за поддршка со психолог. Додека вашите дечиња се кај својот едукатор-дефектолог, логопед или неурофидбек, вие можете продуктивно да го искористите времето и да добиете стручно психолошко советување за вашето ментално здравје и начини како полесно да ги надминувате навидум несовладливите препреки во животот.

Психолошко ON-LINE советување со нашите психолози.

Поради пандемијата, тука во Гаспар постои и можност за оддржување на психолошки разговори и советувања онлајн со цел да се избегне ризикот од физичка близина. Не двоумете се да побарате психолошко советување, за да слагалицата на целокупното здравје биде во најдобар ред.

Leave a Reply