Skip to main content

Се будите. Одите на работа, или пак можеби е викенд и решавате да поминете време со најблиските. Одеднаш, приметувате како им се истурате со остар тон и понекогашната навреда, без никаква посебна причина. Следниот пат кога ова ќе ви се случи, обидете се да интроспектирате за да ги пронајдете вистинските мотиви зад вашето однесување. Можеби не сте јаделе добро, а можеби е и силната главоболка која ве мачи со денови, но ако постојано се чувствувате напнато, а симптомите не се намалуваат, едно нешто може да е причината – вие имате хроничен стрес.

 

Стресот е предизвикан од таканаречени стрес-хормони кои вашиот мозок ги испушта низ целото тело. Тие патуваат од хипоталамусот до хипуфизната жлезда, влијаејќи врз вашето психофизичко добробитие.

 

Докажано е дека стресот предизвикува омалаксаност, затегнатост и болка во мускулите и коските, главоболка, инсомнија и слични проблеми при спиењето, разгневен стомак и кратко, брзо, затегнато дишење (Mayo Clinic). Од психички аспект стресот предизвикува анксиозност, лутина или бес, тага, загуба на мотивација и фокус (внимание) и чувство на совладаност (Mayo Clinic). Но, како овие симптоми се манифестираат во вашето однесување?

Стресот е силно поврзан со симптоми на анксиозни нарушувања и клиничка депресија. Најчестите промени во однесувањето по изложеност на постојан стрес се: раздразливост, прејадување или недоволно јадење, изливи на неконтролирана лутина или расплакување, намален сексуален нагон и намалување на социјални интеракции (Mayo Clinic; Healthline). Бидејќи стресот го успорува дигестивниот систем, го намалува и метаболизмот, а со тоа неизбежно се накачува килажа. Алкохол или тутун, дури и психоактивни супстанци, често (непрепорачливо!) се конзумираат како механизам за потсмирување, иако обично го предизвикуваат спротивниот ефект. Ако стресот има волку негативни импликации, тогаш зошто го доживуваме?

Стресот има еволуционена основа, со тоа што стрес-хормоните се клучни во активација на “fight-or-flight” механизмот, кој ни овозможува адекватно да се заштитиме во опасни ситуации и да ги донесеме правилните одлуки под притисок (Pietrangelo, Watson, 2017). Но, прекумерена изложеност на таквите хормони, предизвикувајќи хроничен стрес, може да има многу поопасни последици врз нашето тело, дури и резултирајќи во смрт.

 

Според Американската Психолошка Асоцијација, стресот е директно сврзан со шестте најраспространети причини за смрт: кардиоваскуларни (срцеви) заболувања, рак, белодробни заболувања, незгоди, цироза на црниот дроб и самоубиство.

Препораката со која се здобиваат оние болни од хроничен стрес е зголемена физичка активност, како аеробик, што го активира кардиоваскуларниот систем, или јога и медитација, што го опуштаат телото. Слични механизми за релаксација, како пешачење и масажи, исто така можат да бидат бенефицијални. За дополнително негување на умот се препишува неурофидбек, кој помага при концентрација, или пак посета (разговор) со психолог или психотерапевт, кој би ви помогнал да ги разрешите секојдневните ‘стресори’.

Доколку не сте сигурни дали патите од хроничен стрес посетете го приложениот линк за бесплатен oнлајн стрес-тест

https://www.15minutes4me.com/free-online-test-stress-anxiety-depression-burnout/

 

Leave a Reply