Skip to main content

Иако можеби првата помисла кога ќе го слушнете зборот “масажа” би била релаксација, масажите имаат многу повеќе бенефити за вашето физичко и психичко здравје. Тие се сметаат за корисни терапии во конвенционалната и алтернативната медицина, со тоа што ги доловуваат следниве позитивни ефекти.

Имате ли проблеми со спиењето? Масажите се докажани терапии за луѓе кои имаат потешкотии при спиење, но и оние кои боледуваат од инсомнија, а особено ако е предизвикана од стрес (Field, Hernandez-Reif, Diego, Fraser, 2007; Mayo Clinic).

Повеќето од нас чија работа вклучува долготрајно седење искусуваат чести болки во грбот, особено во долниот дел. Иако најчесто препишаниот третман за ова се медикаменти како ибупрофен, Американскиот Колеџ на Лекарите препорачува болката отпрвин да се третира со масажи, когнитивно-бихејвиорални терапии, техники за намалување на стрес (вклучувајќи масажи) и слични форми на терапии. А, според истражување публикувано во „Дневникот за терапии на работата и движењето на телото” масажите ефективно ги намалуваат болките во долниот дел на грбот (Field, Hernandez-Reif, Diego, Fraser, 2017).

 

Масажите исто така помагаат при гастроинтестинални потешкотии, главоболки, и при болки во мускулите, особено предизвикани од повреди  ( Lämås, Lindholm, Stenlund, Engström, Jacobsson, 2009; Mayo Clinic).

 

Не само што масажите се делотворни третмани за различни типови на физички болки и негодувања, тие се исто така препорачливи за намалување на симптоми на депресија и анксиозност. Мета-анализа вклучувајќи 17 различни истражувања потврдува дека масажите значајно ги олеснуваат потешкотиите предизвикани од живеењето со депресија (Hou, Chiang, Hsu, Chiu, Yen, 2010). Исто така, истражување публикувано во „Дневникот на клиничка психијатрија” заклучува дека по добивање само еден масажерски третман, карактеризиран со посилни и длабоки движења, луѓе со генерализирано анксиозно растројство (Generalized Anxiety Disorder – GAD) почувствувале долготрајни бенефити во нивното добробитие (Rapaport, Schettler, Larson, Edwards, Dunlop, Rakovsky, Kinkead, 2016).

 

А, пак, доколку сакате да изгледате поубаво за летниот одмор покрај море или езеро, антицелулитните масажи можат да ви помогнат, произведувајќи брзи резултати во намалувањето на целулитот.

Но, дури и да немате било кој од претходнонаведените проблеми, масажите можат да се внесат во вашиот живот како механизми за подобрување на општото расположение, но и како зајакнувачи на вашиот имун систем. Имунитетот е важен борец против најразличните опасни видови на бактерии и вируси со кои нашето тело се среќава секојдневно, а масажите можат да ја дополнат неговата ефикасност со силно позитивно влијание (Rappaport, Shettler, Bresee, 2010).

Доколку моментално чувствувате потреба од масажа, не се двоумете, резервирајте термин во Гаспар Центарот за Психофизичко Здравје, по ПРОМОТИВНИ цени:

☛ Релакс масажа 60/45 минути – 800/600 денари
☛ Медицинска масажа 30 минути – 400 денари
☛ Масажа на грб (делови од тело) 30 минути – 300 денари
☛ Антицелулитн масаж 45 минути – 400 денари
☛ Антицелулитен пакет 10/15 третмани – 3000/4200 денари

Закажете на телефонскиот број 071 375 700

Ве очекуваме!

Leave a Reply