Skip to main content

Сте помислиле ли некогаш дека нашиот ум може да си подигрува со нашиот разум? Когнитивните пристрасности, или предрасуди, ја имаат способноста несвесно да го раздвојат човекот од не само прифаќање, туку и анализирање на рационалното. Да погледнеме неколку интересни пристрасности, а можеби и да се пронајдеме во некои од нив.

Пристрасност на потврда

Понекогаш, само сакаме да сме во право, и тука стапува во игра пристраснонста на потврда, со која сме способни да ги игнорираме сите аргументи кои го побиваат нашиот став. Личност која има високо развиена пристрасност на потврда може да ги отфрлува сите докази против нејзината верба без да подразмисли подлабоко, но истовремено да ги памти и користи сите аргументи кои ја докажуваат.

 

Пристрасност на континуитетот

Ви се случило ли понекогаш да не верувате дека личност може да се промени? Тогаш веројатно сте биле под влијаније на пристрасноста на континутетот. Со оваа логичка грешка, ние претпоставуваме дека карактеристиките и одлуките на некоја личност од минатото се препишуваат на таа личност во сегашноста. На пример, ако веруваме дека момчето зад нас во средно школо било несериозно, веројатно е истата етикета да му ја залепиме во зрелоста.

 

Пристрасност на веројатноста

Седите на ручек со мајка ви, кога таа одеднаш ви вели дека телевизијата е штетна за видот. Се разбира, овој заклучок е возможен и логичен, затоа не се сомневате, го прифаќате со мало превртување на очите и мала насмевка и продолжувате со разговорот. Но, токму вакви верификации на заклучоци и образложенија ја дефинираат пристрасноста на веројатноста, со која индивидуата верува во одредено нешто бидејќи најверојатно е точно, без да погледне алтернативни објаснувања.

 

Ефектот на навивачките

Со оваа пристрасност индивидуалци во група се прикажуваат како поатрактивни во очите на набљудувачот, само бидејќи се во група. Името поттекнува од групите на американски спортски навивачки кои бодрат играчи во аматерски и професонални спортски лиги со танцови, често облечени во кратки здолништа. Самото име „навивачки” носи привлечност поради популарната репутација на ‘убавите’ униформирани девојки.

 

Клетвата на знаење

За оние со повеќе познавање во одредена област оваа пристрасност може да се изрази како голем емпатетичен проблем, бидејќи имаат потешкотии да се стават во позиција на некој кој има помалку знаење од нив. Наставниците и професорите особено треба да се свесни за клетвата на знање, бидејќи во нивната дејност често пати наидуваат на ученици кои имаат помало знаење од нив. Со познавањето на оваа когнитивна слабост им се подобруваат капацитетите да емпатизираат со некои од учениците кои имаат потешкотии со разбирање на предадениот материјал.

 

Ефект на вредноста на валутата

Веројатно сите сме биле надвладеени од оваа пристрасност. Ефектот му овозможува човекот да троши повеќе пари кога се распределени на помали суми отколку на поголеми. На пример, повеќето од нас не би се двоумеле да купат бурек или салата за доручек, но би биле обесхрабрени да ја потрошиме цела плата на еден луксузен предмет. Ефектот негативно стапува кога луѓето забораваат дека малите трошоци се насобираат, а со тоа што не размислуваат меѓу безбројните кафиња, скапите јадења и понекогашните парчиња облека (беа на попуст, секако), ја трошат сумата која не би ни помислиле да ја платат во едно седење. Најчесто ова се изразува кога имаме некоја сума пари во крупно, отколку во ситно, бидејќи забораваме дека парите кои ги трошиме во ситно колективно ја имаат истата вредност како парите во крупно.

 

Емпатетичен gap

Во оние меѓу нас кои ги потиснуваат емоциите, емпатетичниот gap е многу присутен. Со него се занемаруваат чувствата на другите од страна на погодениот, но и на самата индивидуа која го искусува. Прекумерената присутност на оваа пристрасност може да резултира во запоставување на сопствените потреби и непријатност во останатите луѓе.

 

Ефектот на Барнум или ефектот на Форер

Следниот пат кога пријател ќе ви каже дека гатачка му го има прочитано животот, или пак вие самите го помислите тоа, сетете се на Ефектот на Барнум или Форер, со кој што индивидуи согледуваат генерични објаснувања кои би можеле да се препишат на секому како специјално направени за нив. На пример, гатачката веројатно би претпоставила дека често сте или сте биле под стрес, а и дека во скоро време сте биле болни, бидејќи тоа се чести појави кај многу луѓе.

 

Преодна пристрасност

Ви се случило ли некогаш откако ќе заврне, да кажете „знаев дека ќе врне, требаше да земам чадор”? Токму тоа е и преодната пристрасност, со која индивидуата верува и се изјаснува дека имал познавање за настанот пред да се случи, иако тоа можеби не било така.

 

Функционална фиксност

Ако сме заглавени на пуст остров, тогаш победување на функционалната фиксност би било клучно во нашиот опстанок. Функционална фиксност се карактеризира со занемарување на преостанатите функции на еден предмет поради неговата примарна функција. Бидејќи хартијата првобитно се користи за пишување, повеќето луѓе би изумиле дека може да се користи и како сечило.  

 

Согледно, нашето размислување често пати може да биде засенето од екстерни, а сепак внатрешни причини. Но, покрај се’, ова е тоа што не’ прави луѓе. Доколку сепак сакаме да ги победиме корнитивните пристрасности, клучот лежи во нивното учење и разбирање.

Leave a Reply