Skip to main content

Освен петте надворешни сетила (визуелни, аудитивни, тактилни, мирисни и вкусни) имаме и три внатрешни сетила (вестибуларни, сетилно-визуелни и проприоцептивни). Вестибуларниот систем, иако не е едно од петте основни сетила кои ги знаеме, е можеби едно од најважните, кое е одговорно за одржување рамнотежа, јасен вид, соодветен мускулен тонус и координација.

Доколку се јават потешкотии при вестибуларна обработка на информации се јавуваат и потешкотии во нашето секојдневно функционирање. Дисфункцијата кај овие деца може да се јави во форма на мрзеливост, хиперактивност, невнимателност, несмасност, анксиозност или импулсивност. Секако, детето само по себе ќе покаже одредено однесување во однос на дисфункцијата на овој систем.

Кои знаци покажуваат дека детето има потешкотии во вестибуларниот систем?

Најчести знаци кои покажуваат дека детето има потешкотии во вестибуларниот систем се:

  • страв/не сакаат или желба/барање на активности кои вклучуваат лизгалки, нишалки, скокање, качување, возење на велосипед и сл.
  • често паѓање како и слаб тонус на мускулите
  • споро или премногу внимателно движење
  • најчесто не сакаат да лежат на стомак
  • вртоглавици
  • несвесност за опасност/ризик
  • импулсивно скокање, трчање или качување
  • тешкотија во лоцирање на предмети
  • тешкотија во фокус
  • често вртење или зафрлање на главата наназад
  • тешкотии при мирно седење или не можност да се задржи вниманието без некакво движење
  • тешкотии при читање, пишување и/или математика

Овие деца често знаат да бидат “изгубени во околината” и да имаат тешкотии во следењето.

Улога на вестибуларниот систем и начинот на функционирање во комбинација со аудитивниот и визуелниот

Вестибуларниот систем, заедно со визуелниот и аудитивниот ни помагаат при движењето.

Визуелниот систем ја претставува нашата способност да го користиме нашето сетило за вид – окото. Способноста на нашиот мозок за обработка на визуелни информации не се однесува само на гледање на формите, големини и боите, туку и на обработка на визуелната средина која не опкружува. На сите деца им е потребна свесност за средината која ги опкружува, која има голем придонес во нивниот развој. Средината е одговорна за стекнување на вештини на различни нивоа, препознавање на букви/броеви, просторни односи т.е знаејќи каде е поставено нашето тело во однос на просторот, око – рака координација, читање како и внимавање на деталите.

„Способноста на нашиот мозок да ги обработува визуелните податоци не се однесува само на видот и гледање на формите, големините и боите, туку и за обработка на визуелната средина која не опкружува. Ова е познато како визуелна обработка.“

Визуелниот систем ја претставува нашата способност да го користиме нашето сетило за вид – окото. Способноста на нашиот мозок да ги обработува визуелните податоци не се однесува само на видот и гледање на формите, големините и боите, туку и за обработка на визуелната средина која не опкружува. Ова е познато како визуелна обработка. На сите деца им е потребна свесност за визуелна обработка која има придонес во правилниот развој. Таа е одговорна за стекнување на вештини на различни нивоа како што се препознавање на букви/броеви, просторни односи –  знаејќи каде е поставено нашето тело во просторот, око/рака координација, читање и внимавање на деталите во околината.

Како се манифестираат потешкотии во визуелната обработка на информации?

Доколку се јават потешкотии во визуелната обработка на информации, децата може да почнат да манифестираат на повеќе начини како на пример:

  • Да избегнуваат силни светла
  • Да ги покриваат/тријат очите
  • Да се загледуваат во силни светла
  • Да ги иритираат подвижни предмети
  • Да им се појавуваат чести главоболки или вртоглавици
  • Да делуваат несвесно или несмасно
  • Да се движат или замавнуваат со главата за време на пишување или изведување на фини моторни активности
  • Да ги држат предметите блиску до лицето за проверка
  • Да избегнуваат контакт со очи

Проприоцептивниот систем и неговата улога

Да го споменеме и проприоцептивниот систем, кој е еден од помалку познатите сетила, а има огромно влијание за свесноста на нашето тело. Ова сетило ни помага да ги координирање нашите движења, за да можеме да одиме, трчаме, скокаме и потскокнување или прецизно да удираме предмет. Овој систем е од исклучително значење за одржување на ниво на будност и може позитивно да влијае на нивото на внимание и учењето.

Исто така, им помага на децата да знаат каде се нивните екстремитети како и да знаат колкава сила треба да користат при игра со моторни активности, држење на предмети (пишување со молив без да го скршат), итн. Кај малите деца, потешко е да се забележи проприоцептивна дисфункција бидејќи тие често изгледаат многу активни или некоординирани.

Сепак, има одредени знаци кои укажуваат на потешкотии со проприоцептивната функција, како што се: избегнување на груби моторни вештини, користење на силно држење на молив, проблем при облекување, фрлање во кревет/вреќи и сл., газење на нозете при одење. При потешкотии, децата може да уживаат во силни прегратки, да имаат тешкотии со концентрација доколку се претерано возбудени, проблеми со регулација на емоции и често делуваат несмасно и некоординирано.

Овој текст е од информативен карактер, доколку забележите било каква отстапка од наведеното во развојот на вашето дете и истото трае подолг временски период, Ве замолуваме да се консултирате со стручно лице, кое преку специјално наменети активности може да придонесе до подобрување на целокупното развојно ниво на вашето дете.

Пишува: дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор Вероника Поповска

Leave a Reply