Skip to main content

Честопати се прашуваме која е улогата на специјалниот едукатор и рехабилитатор (дефектолог) и што работи.

Улогата на дефектолозите во стимулирање на развојот може да биде во форма на стимулирање на моторниот развој, што е основа за развој на други вештини и способности, когнитивен(сознаен) развој, развој на говор, како и социо-емоционален развој. Развојна дисфазија (се однесува на времето кога говорот е се уште во неговиот развој (3-4 години) и недоволно развиен говор (6-7 години)), елементи на аутизам и аутизам, како и со деца од типична популација кои имаат проблем со фината моторика и графомоторика. Позицијата за која се залагаме е дека не треба слепо да се придржуваме до долго воспоставениот став дека  детето треба да учи само со седење на маса, туку дека треба да го следиме детето и да го охрабриме неговиот развој преку игра и да создадеме услови да стекне знаење и вештини.

Погрешно е мислењето дека дефектолозите работат само со деца и возрасни со пречки во развојот. Дефектолозите (зависно од самите афинитети) работат и со деца и возрасни со типичен развој.  

Секогаш неодговорено стои прашањето „Кога е вистинското време да се обратиме кај стручно лице (дефектолог)?”

Родителот најдобро го познава своето дете, кога родителот ќе заблежи отстапување во развојот на детето, а тоа најдобро и наjприметливо е кога детето ќе почне во градинка, со самата интеракција со своите врсници. Важни причини кои треба да се земат предвид за посета на дефектолог е ако детето е родено со ризик-фактор, ако се забележува доцнење на моториката, говорот, недостасува очен контакт, ако детето не се врти на своето име итн. Важно е и да се набљудува детската игра, доколку играта му се сведува само на делови од играчки и трае подолг временски период и се забележуваат проблеми со фината моторика и графомоторика исто така имаме аларм дека треба да се посети дефектолог. Во школскиот период  доколку се забележи дека детето има проблеми во пишувањето, читањето и учењето, проблем со намалена или преголема осетливост на дразбите од околината, исто така е знак дека е потребна стручна помош.

Сите овие знаци и предзнаци се аларм за да превземеме мерки и да побараме стручна помош, за да работиме на тие слаби страни и да можеме да ги доведеме до позитивно рамниште и заедно да му помогнеме на вашето дете.

Пишува: Живка Пандова

Leave a Reply